Македонска одбојкаПрва лига жениТрансфери

Андреа Стојановска се сели во Скопје

Либерото на Пелистер Волеј, Андреа Стојановска, по десет години го напушта својот матичен клуб.

Како што неофицијално дознаваме, нејзина следна дестинација е некој од скопските клубови.

Станува збор за искусна одбојакрка со најдолг стаж во битолската екипа. Заедно со нивната пионерска екипа, стигна до шампионската титула.

Со младинскиот состав на два пати беше второпласирана.

Неколку години беше прво либеро на Пелистер Волеј.