Македонска одбојкаПрва лига жениРепрезентативна одбојка

Доминација на Работнички Скопје и во третиот меч за одбрана на шампионската титула во женската одбојка

Одбојкарките на Работнички Скопје се старо-нови шампионки на Македонија во првата женска лига.

Тие ја одбранија шампионската титула во женското одбојкарско првенство откако нагости со 3-1 во сетови ја победија Струмица жени и со 3-0 во победи ја затворија финалната серија кај дамите.

Работнички Скопје уште во раната фаза од натпреварот направија предност од пет поени а потоа и седум (10-18). Струмичанки во финишот успеаја да намалат на два негатива, но не и да ја анулираат.

Гостинките го добија тој сет со 23-25 за водство од 0:1 во сетови.

Во вториот сет се играше рамноправна игра на двете страни. Струмичанки во неколку наврати имаа три предност, водеа се до 10-8.

Гостинките од Скопје вратија со серија 1-5 и поведоа со 11-13. Во финишот на сетот се случуваше вистинска драма.

Работнички Скопје водеше со 19-22, но Струмица беше таа што се врати и поведе со 24-23.

Но сепак не ја искористија сет топката струмичанки, а тоа го казнија скопјанки и го добија сетот на разлика со 26-28 за 0:2 во сетови.

Во третиот сет домашните одбојкарки го диктираа темпото на игра и беа постојано во водство.

Струмица жени имаше и водство од 17-13, но Работнички со серија од 0-5 се врати во игра и поведе со 17-19.

По оваа серија тренерот на Струмица жени мораше да барам минута одмор. Ниту одморот не донесе промени во таборот на Струмица.

Работнички целосно се врати во сетот и ја задржа предноста до крајот на истиот за победа од 25-19 и 3-0 во победи. 

Струмица жени не успеа во финалето да освои ниту еден сет иако двапати играше на домашен терен пред своја публика. Тимот кој имаше само еден пораз во целата сезона во женска конкуренција.

Но мораат да се задоволат со второто место и првата титула во Купот што за нив треба да биде успех.

Така Работнички Скопје трета сезона по ред ја освојува шампионската титула во елитната женска лига.

За нив оваа титула е 17-та во клупската историја.

Тамара Стојанова со 14 поени беше најдобра кај шампионот додека 10 постигна Ејнџел Робинсон.

Шампионот мораше да игра без Јонузи која се повреди во првиот сет, а на нејзино место одлично ја замени и одигра маестрално Јана Балов. 

Финале (жени) – до три добиени натпревари

Струмица жени – Работнички Скопје   0:3 (24:26, 23:25, 17:25)
Работнички Скопје – Струмица жени   3:0 (28:26, 25:20, 25:21)
Струмица жени – Работнички Скопје   0:3 (23:25, 26:28, 19:25)