Прва лига мажиТрансфери

Кико заминува во Словенија и кариерата ќе ја продолжи во Триглав

На екипата на Триглав и се приклучи младиот Христијан Андовски.

Оваа информација беше објавена на нивната инстаграм страница. Паралелно со студите по информатика во Љубљана, тој ќе биде дел од „ростерот“ на оваа словенечка екипа.

Висинските подготовки со новиот тим ги почнува на 14-ти август во Крањ (Словенија).

Роден е во мај 2004 година. Станува збор за играч на позиција среден блокер.

Висок е 197 сантиметри и неговиот одраз во нападот достигнува 330 сантиметри. Четири години беше дел од ГОК Борец.

Има играно за младата селекција на Македонија, а од 2022 година е дел од поширокиот список на сениорите.

Овој млад талентиран и надежен велешанец, одбојкар, исто така беше и одличен ученик во смерот Компјутерска техника и автоматика на ССОУ„Коле Неделковски“.

Андовски е добитник на престижна Диплома „Најдобар ученик на Општина Велес за 2022 година“ што секако е голема предност да го продолжи образованието на Факултетот за информатика во Љубљана, Република Словенија.