Македонска одбојкаПрва лига жениРепрезентативна одбојка

Шампионот Работнички Скопје со победа нагости ја започна одбраната на титулата

Одбојкарките на шампионот Работнички Скопје со голема победа нагости во Струмица се враќаат во Скопје.

Работнички славеше победа против Струмица жени со 3-0 во првиот меч од финалната серија во првата женска лига и поведе со 1-0 во победи.

Првиот сет се реши во тајбрејкот, а посреќни во воведниот сет беа бранителките на трофејот Работнички кои го добија со 24-26.

Домаќинките имаа голема можност да го добијат првиот сет имаа и три сет топки, но сепак немаа среќа и го загубија.

И во вториот се играше израмнето. Во финишот повеќе концентрација и нерви повторно имаа гостинките. Направија помал број на грешки, па и тој сет го решија во своја полза со 23-25.

Во отсуство на капитенката Елена Пандева која е повредена, струмичанки немаа вистински лидер кој ќе ја врати екипата, како што тоа беше случај во полуфиналето на купот.

Па така одбојкарките на Работнички Скопје во третиот сет се одлепија резултатски и предноста не ја испуштија до крајот на истиот.

На крајот Работнички го доби и тој сет овојпат убедливо со 17-25 и со конечни 0:3 го доби мечот за водство од 1:0 во финалната серија.

Финалната серија се игра во три добиени натпревари, а следниот на програмата е во среда во Скопје.

За Струмица ова беше само втор пораз во сезоната, а прв на домашен терен. И двата порази на Струмица жени се токму од шампионот Работнички.