Македонска одбојкаМлади категории жени

СПОРТСКИ ПРАЗНИК

Голем празник на одбојката за нашите најмали, кои за прв пат зачекорија во одбојкарското поле на вистински начин, со противник од другата страна на мрежата.

По којзнае кој пат Битола и Прилеп покажуваат висока свест за развој на одбојката и кога се работи за овие два клуба нема двојби по ниту една основа.

Па од тука голема благодарност до нашите пријатели кои се одзваа на поканата да бидат гости втор пат за само неколку дена, еве овој пат со најмладите генерации.

Целта беше да се почувствува атмосферата, што навистина значи да си во терен и да играш натпревар, да освојуваш и губиш поени, да победуваш и губиш, радост.

Но и по некоја солза, навивање и скандирање за својот клуб, но и против ривалите, кои на крајот се само наши пријатели со кои заедно ќе растеме во иднина со играта која е најпопуларна кај девојчињата.

Околу 100 учеснички, од кои повеќето за прв пат почувствуваа адреналин, желба за победа, спортска борба и борба за својата екипа, дефинитивно се наша најголема придобивка и победа на денешниот ден.

Колку и да изгледа дека ова е избрзано или прерано, сепак ова доживување за девојчиња од најразлична возраст е искуство кое нема цена и овие деца се на вистинското место.

За прв пат имаме девојчиња кои на 7 годишна возраст беа актери, а не публика која навива.

Од другата страна на теренот секогаш е поубаво.

Да живее одбојката!