Македонска одбојкаПрва лига жениРепрезентативна одбојка

Шампионките Работнички Скопје на чекор од одбрана на титулата во женската одбојка

Актуелните шампионки, одбојкарките на Работнички ја продолжија одличната резултатска серија и во вториот натпревар од финалето во разигрувањето за титулата.

Работнички Скопје славеа над Струмица жени со 3:0 (28:26, 25:20, 25:21) и сега имаат водство од 2-0 во победи во битката за тронот.

Тоа значи дека откако ја анулираа предноста на домашен терен на противничките заработена со подобар биланс во основниот тек, екипата на Душко Деспотовски забележа уште еден триумф.

Сега пред своја публика, а со тоа е на дофат на третиот првенствен пехар едноподруго, четврти од 2019-та досега.

Првиот во кој беа одиграни вкупно 56 поени, домашните одбојкарки го добија на разлика 28:26.

Во вториот без малку иста слика. Сепак, за нијанса помал број на поени, а му припадна на тимот на Работнички со 25:23.

Немаа сили гостинките да се вратат во игра, па тоа го искористија актуелните шампионки добивајќи го и третиот сет со 25:21, а мечот со 3-1.

Финалната низа ќе продолжи во Струмица в сабота од 18 часот со пренос на МРТ-3 каналот.

Доколку струмичанки се радуваат, ќе има најмалку уште еден натпревар, во случајот во главниот град, а во споротивно тоа ќе биде крај на сезоната во македонската женска одбојка со радост за Работнички Скопје.

Тие во финалето досега не загубија сет и изгледаат убедливо без разлика што вкупниот биланс во меѓусебните дуели сезонава се уште е на страна на Струмица жени (4-3).

Финале (жени) – до три добиени натпревари

Струмица жени – Работнички Скопје 0:3 (24:26, 23:25, 17:25)
Работнички Скопје – Струмица жени 3:0 (28:26, 25:20, 25:21)
Струмица жени – Работнички Скопје (сабота 20.04.2024, МРТ-3, 18.00)
Работнички Скопје – Струмица жени (вторник 23.04.2024)
Струмица жени – Работнички Скопје (петок 26.04.2024)