Македонска одбојкаПрва лига жениРепрезентативна одбојка

Работнички Скопје по втора победа или Струмица жени по брејк

Спортскиот центар ,,Борис Трајковски,, денеска ќе ги отвори вратите за одбојкарките на Работнички Скопје и Струмица жени каде ќе се одигра вториот натпревар во финалето од плејофот кај дамите.

Работнички Скопје победнички ја почна финалната серија за првенствениот пехар против Струмица жени користејќи го отсуството на повредената Елена Пандева.

Иако тесно резултатски по сетови, сепак скопјанки го добија тој меч со чисти 3-0. Дали денеска Пандева ќе биде во игра и ќе може да им помогне да одбојкарките на Струмица жен останува да видиме.

Денешниот натпревар ќе биде прв во главниот град, а дали Струмица жени ќе израмни или Работнички Скопје ќе се доближи на само еден триумф до одбрана на титулата ќе видиме нешто подоцна.

Мечот број 2 за шампионскиот трофеј, меѓу Работнички и Струмица ќе се игра во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“, а ќе започне од 18 часот.

Шампионскиот трофеј ќе го освои тимот што прв ќе стигне до три победи.

МРТ 3 каналот нема да врши директен пренос туку мечот ќе го емитува низ снимка во 23.00 часот.

Финале (жени) – до три добиени натпревари

Струмица жени – Работнички Скопје   0:3 (24:26, 23:25, 17:25)

Работнички Скопје – Струмица жени   (среда 17.04.2024)

Струмица жени – Работнички Скопје   (сабота 20.04.2024)

Работнички Скопје – Струмица жени   (вторник 23.04.2024)

Струмица жени – Работнички Скопје   (петок 26.04.2024)