Меѓународна одбојкаМеѓународни купови

(ФОТО Галерија) ОК Звездец од Бугарија победник на меморијалниот турнир ,,Војче Синадиновски 2023,,

Одбојкарскиот клуб Работнички 71&22 во Скопје во салата ,,Парк,, го организираше интернационалниот Меморијален одбојкарски турнир „Војче Синадиновски 2023“.

Турнирот се органзиира во чест на еден од основачите на најтрофејниот одбојкарски колектив од самостојна Македонија, кој поради финансиски проблеми престана да функционира пред неколку години.

Но, од минатата сезона повторно е обновен со помош на локалната самоуправа.

На меморијалниот турнир учествуваа четири екипи.

Покрај организаторот и домаќин, Работнички, учествуваа и екипите на Видовдан од Грачаница, Србија, Звездец од Бугарија и УГД од Штип.

На отворањето на турнирот, домаќинот и одгранизатор на турнирот Работнички славеше победа над Видовдан од Србија со 2-0 во сетови.

Потоа бугарскиот тим на Звездец славеше исто така со 2-0 против УГД Штип, кои пак подоцна беа подобри од Видовдан со 2-0 во сетови. 

Па така во финалето се најдоа тимовите на Работнички и Звездец. По голема борба и пет сета, сепак гостинскиот тим на Звездец извојува победа со 3-2 во сетови против Работнички и го освои меморијалниот турнир. 

За сите учесници на турнирот следуваа награди, медали и пехари.