Македонска одбојкаПрва лига жениТрансфери

(ФОТО) Репрезентативката Марија Василевска останува во ЖОК Вардар ЕМ уште една година

Страста и љубовта према одбојката ја направија деветнаесетгодишната Марија Василевска од Скопје, во еден нов одбојкарски бисер.

Спортот кој ова лето доживеа мала, а толку значајна ренесанса на македонската спортска сцена.

Родена 2004 година и со своите 183 сантиметри веќе ги руши сите одбојкарски бариери на македонската спортска сцена.

Настапува на многу тешката позиција среден блокер во тимот, а нејзиниот вонсериски талент беше откриен многу одамна.

“Главни виновнички” за брзата експанзија на Марија се двата амбициозни тренери Емилија Јаничиќ и Мирјана Стефановска.

Тие несебично и посветено работат во ЖОК Вардар ЕМ со амбициозната Марија уште од нејзините почетоци во 2013 година.

Љубовта и страста према одбојката започна уште од деветтата година на младата македонска репрезентативка која со нејзиниот матичен клуб ЖОК Вардар ЕМ ги помина и сите младински категории.

Вардар и Марија речиси секоја година учествуваа на Ф4 завршните турнири во младинска категорија, а Василевска притоа освои еден куп на медали со нејзиниот тим.

Во сезоната 2020/21 Марија ја понесе и престижната титула НАЈДОБАР СРЕДЕН БЛОКЕР на турнир.

Добрите игри во клубот и беа главната препорака на Василевска за континуирани и постојани настапи во сите категории на женската младинска одбојкарска репрезентација на Македонија.

На 16 години во сезоната 2019/20 таа дебитираше и во сениорска конкуренција и тоа во првата македонска лига во тимот на ЖОК Вардар жени 2019 каде што настапуваше со двојна регистрација.

Следната година односно сезоната 2020/21, Василевска во сениорска конкуренција ги бранеше боите на Јанта волеј.

Меѓутоа не го заборави ниту својот матичен клуб Вардар ЕМ каде што настапуваше во младинските категории.

Последните две години Василевска комплетно се врати во својот матичен клуб ЖОК ВАРДАР ЕМ и вредно работи пред новите предизвици во новата натпреварувачка сезона.

Нејзините успешни настапи, брилијанти партии и поени како на клупско така и на репрезентативно ниво го привлекоа вниманието на неколку домашни и странски екипи.

Нема да биде никакво чудо доколку Марија по завршувањето на сезоната реши да ја продолжи својата успешна кариера во странство.

Новиот македонски одбојкарски бисер е роден. Својата кариера, Марија реши да ја продолжи во ЖОК Вардар ЕМ каде потпиша договор на една година.