Македонска одбојкаРепрезентативна одбојка

(ФОТО) Никогаш поголем интересот за одбојка во училиштата по успешната организација на ЕП 2023 за мажи

Активностите што се одвиваат во соработка со Училишниот проект на ЦЕВ „Играј одбојка – растеј со неа“ продолжија во Македонија со многу ентузијазам и среќа, видливи на лицата на децата.

Изминатиот месец, во основното училиште Кирил и Методиј во Злетово, во спортската сала „Илинден 1903“ се одржа првиот час по одбојка од оваа учебна година, на кој учествуваа повеќе од 20 деца на возраст од 9-11 години.

Сaмите тие изведоа вежби дизајнирани да се уверат дека ќе научат како да ја префрлат топката преку мрежата, а работеа и на развојот на основните моторни вештини.

Два дена подоцна, во спортската сала „Софија Петровска“ во Пробиштип се одржа средба со повеќе од 30 деца од ОУ „Браќа Миладиновци“, кои сите изгледаа неверојатно возбудени за почетокот на новата учебна година, а особено за одбојкарските паралелки.

Двата настани се одржаа во соработка со одбојкарскиот клуб Весна Пробиштип, кој со години важи за водечка сила во домашните младински натпреварувања.

Подоцна во месец септември, спортската сала „Парк“ во Струмица го дочека и првиот час по одбојка во учебната година. 

Учествувааа повеќе од 40 деца, кои имаа можност да се дружат и забавуваат додека играат одбојка.

Децата беа на возраст од седум до девет години и нивниот ангажман покажува колку уживаат да дознаат повеќе за одбојкарската игра.

Оваа активност беше поддржана од одбојкарскиот клуб Наковски волеј.

„Се надевам дека оваа учебна година ќе продолжи со истиот ентузијазам од страна на клубовите и основните училишта и за нас тоа ќе биде одличен начин за негување на нови и млади одбојкарски таленти“, рече раководителот на проектот Сања Никчевиќ.