Македонска одбојкаМлади категории жениПрва лига жени

(ФОТО) ОК Наковски волеј со нови сили во новата одбојкарска 2023/24 сезона

Одбојкарскиот клуб Наковски волеј ги започна подготовките за претстојната сезона 2023/24.

За таа цел клубот веќе ги запали моторите и стартуваше со редовните тренинзи во сите категории, како и со секојдневните активности за да ја претстават најдобрата верзија во оваа претстојна одбојкарска сезона.

ОК Наковски волеј е најброен женски одбојкарски клуб во државата, клуб кој даде несомнено најголем придонес во македонската репрезентација со свои одбојкарки и тренери и клуб кој постигна најзабележителни резултати во изминатата одбојкарска сезона.

Од позабележителните резултати ги издвојуваме:

  1. Шампионки на државното одбојкарско првенство во младинска конкуренција
  2. Сребро за Наковски волеј во финалето – КУП на Македонија
  3. Сосема заслужено трето место за пионерките на финишот од државното одбојкарско првенство во пионерска конкуренција
  4. Пласман во Final Four во кадетска конкуренција
  5. Освоено трето место на државно првенство во сениорска конкуренција

ОК Наковски волеј во оваа сезона ќе оди на нови победи и уште поголеми успеси.

Одбојка.МК им посакува многу успех во претстојната сезона.