Втора лига жениМакедонска одбојкаРепрезентативна одбојка

(ФОТО) Ускана е нов прволигаш, Вардар ЕМ победи во првиот дуел со Газели во баражот

Женскиот одбојкарски клуб од Кичево, Ускана од следната сезона ќе игра во елитното прволигашко друштво.

Одбојката е единствениот спорт што ќе го претставува градот Кичево на највисоките натпреварувачки нивоа следната сезона.

Тимот на Ускана сезоната во Втората женска лига ја заврши на првото место и на тој начин си обезбеди пласман во елитата следната сезона. 

Тие пред преполни трибини во спортската сала ,,Иванодол,, во Кичево во одложениот меч со Форца волеј Ема со максимални 3-0 (25:15, 25:21, 25:11) стигнаа до победата во последното коло. 

Оваа победа од значеше и директен пласман следната сезона во првата лига со што ги минаа Газели волеј на табелата и тоа само поради подобриот меѓусебен дуел.

Инаку и двата тима на крајот имаа по 16 победи и два порази. 

Газели волеј го одигра својот прв меч од баражот против Вардар ЕМ. До победата стигна тимот на Вардар ЕМ со убедлици 0-3 нагости (18:25, 14:25, 13:25).

Реванш мечот се игра утре, а доколку повторно победи Вардар ЕМ ќе остане во првата женска лига. 

Доколку се случи Газели волеј да ја однесе победата и да го израмни резултатот на 1-1 во победи, решавачкиот меч ќе се игра на теренот на победникот од тој дуел.

Втора лига (жени), 18-то коло

Ускана – Форца волеј Ема                              3:0 (25:15, 25:21, 25:11)

Табела: Ускана 16-2, Газели волеј 16-2, Пелистер волеј 14-4, Бами Кор 14-4, Виктори волеј 9-9, Фламинго волеј 8-10, Форца волеј Ема 7-10, Македонија Макс 2-16, Универзитет во Тетово 2-16, Куманово 2-16.

Бараж за Прва лига (прв натпревар)

Газели волеј – Вардар ЕМ     прв дуел     0:3 (18:25, 14:25, 13:25) 
Вардар ЕМ – Газели волеј     втор дуел   (06.04.2024)