Македонска одбојкаТрансфери

(ФОТО) Второ странско засилување за ОК Младост УГД

Пред почетокот на новата одбојкарска сезона и екипата од Штип, ОК Младост УГД ги засилува своите редови.

По ангажманот на интернационалката од Босна и Херцеговина, клубот од Штип донесе ново засилување овојпат од Украина.

Станува збор за Дарина Становова која и официјално е второто големо засилување за екипата на ОК Младост Угд

Дарина доаѓа да ја дополни позицијата техничар во клубот, како главен организатор на играта.

Се работи за млада перспективна одбојкарка која има настапувано за екипите на Полтавчанка од Украина и Штернберк од Чешка.

Има 18 години, родена е 2005 година и висока е 180 сантиметри.

Па така клубот се надева дека со овие засилувања ќе атакува на што подобар пласман во новата сезона 2023/24 во првата женска одбојкарска лига на Македонија.