Втора лига жениМакедонска одбојкаРепрезентативна одбојка

Газели волеј избори второ место и бараж дуел со Вардар ЕМ за влез во елитата

Последното коло од Првата лига (жени) е закажано за претстојниот викенд.

Без оглед на резултатите, познато е дека во полуфиналето Струмица жени ќе игра против Наковски волеј, а Јанта волеј против Работнички Скопје.

Во второлигашкото друштво пак, Ускана има најдобра позиција да биде прва, со тоа и да обезбеди прволигашки статус од следната сезона.

Тие денеска играат против Куманово и се очекува да забележат нова победа за нив вкупно 16-та во втората лига. 

Во дирекниот дуел кој решаваше за второто место и бараж дуел за влез во елитното друштво, Газели волеј со 3-1 ги победи Бами Кор нагости.

Газели волеј само ја потврдија добрата форма и со 20:25, 25:15, 22:25, 18:25 обезбедија шанса да се борат за влез во првата лига.

Таму ќе ги чека тимот на Вардар ЕМ кои завршија како претпоследни на табелата во првата женска лига.

Одамна е познато дека тимот на Вардар жени ќе биде нов учесник во втората лига во сезоната 2024/25.

Тие не успееја да забележат ниту една победа оваа натпреварувачка сезона во првата женска лига.

Втора лига (жени), 17-то (претпоследно) коло

Бами Кор – Газели волеј                                     1:3 (20:25, 25:15, 22:25, 18:25)
Форца волеј Ема – Пелистер волеј                  0:3 (14:25, 22:25, 22:25)
Виктори волеј – Универзитет во Тетово        3:0 (25:16, 25:20, 26:24)
Македонија Макс – Фламинго волеј               0:3 (19:25, 21:25, 20:25)
Куманово – Ускана волеј                                       (вечерва 19.40)

Табела: Газели волеј 15-2, Ускана 14-2, Пелистер волеј 13-4, Бами Кор 13-4, Виктори волеј 9-8, Фламинго волеј 8-9, Форца волеј Ема 7-9, Македонија Макс 2-15, Куманово 2-14, Универзитет во Тетово 1-16.