Македонска одбојкаПрва лига мажиРепрезентативна одбојка

Ново финале за Штип УГД овојпат за шампионската титула

Одбојкарите на Штип УГД се вторите финалисти во одбојкарското првенство на Македонија во машка конкуренција.

Тие во полуфиналната „мајсторка“ како гости го совладаа Работнички со 3:1 во сетови и со 2-1 во победи ја добија полуфиналната серија, и закажаа финале со Струмица 47&72.

Стартниот сет им припадна на гостите од Штип со 25-21 бидејќи имаа континуирано водство во текот на целиот сет.

Нешто слично беше и во вториот сет, поведоа со 2:0, на крајот имаа две сет топки при резултат 24-22, но тоа не го искористија. 

Па така во продолжение домаќинот Работнички стигна до победа од 28-26 за израмнување на 1-1 во сетови.

Третиот сет гостите го добија до доминантна игра и победа од 25-17 за водство од 2-1 во сетови.

Најдобра одбојка гледавме во четврттиот сет каде се водеше голема борба. Двата тима има свои добри и лоши периоди на игра, но ниту еден не успеа да создадоа поголема предност.

Сепак во завршницата домаќините имаат две сет топки за 2-2 и тајбрејк, но не ги искористија. Штип УГД тоа го искористи за 28-26 и конечни 3:1 во сетови и пласман во финалето. 

Па така во финалето ќе гледаме реприза од финалето од Купот на Македонија. Ќе се сретнат Штип УГД и Струмица 47&72.

Дали Штип УГД ќе стигне до двојната круна или пак Струмица 47&72 ќе ја одбрани титулата останува да видиме.

Нивниот прв дуел е закажан за претстојниот викенд, а шампионската титула ќе ја освои тимот кој прв ќе дојде до три победи.