Репрезентативна одбојкаРепрезентацииРепрезентација жениРепрезентација мажи

Кога Македонските репрезентации ги почнуваат квалификациите за ЕП 2026? – Познати се термините!

Термините за вкупно шестте натпревари се во август годинава и истиот месец 2025-та, а македонските селекцци тогаш ќе одиграат по два меча.

Одбојкарите ќе почнат на гостување против Грузија на 17-ти или 18-ти август, а на 24-ти или на 25-ти ќе ја пречекаат Грција.

Следната година ќе одиме кај јужниот сосед на 13-ти август по што на 16-ти или на 17-ти ќе и бидеме домаќин на Грузија.

Дамите, пак, квалификациите ќе ги почнат на свој терен со Австрија на 17-ти и на 18-ти август, а на 28-ми или на 29-ти ќе сервираат во Грција.

Натпреварот со Гркинките дома ќе биде на 2/3 август 2025-та, а против Австрија на гости на 9/10 истиот месец.

Знаејќи дека беа осминафиналисти на последното европско организирано и од Македонија со победи над Данска и над Црна Гора, на пласманот на ЕП 2021 во Финска со победа против моќната Турција, а на дебито во Љубљана во 2019-та ги совладаа Словенија и Белорусија, нашите одбојкари имаат голема шанса да го продолжат учеството на големата евросцена.

Ова е објективна оценка иако со Грција немаме позитивен биланс, а со Грузија забележавме победа во претквалификациите во Струмица пред точно десет години.

Одбојкарките, пак, се уште го градат сениорскиот тим, кој лани играше во Европската сребрена лига и загуби во двата меча против Австрија.

Квалифинации за ЕП 2026 (мажи) – Романија, Бугарија

Група Ф: МАКЕДОНИЈА, Грција, Грузија

Грузија – МАКЕДОНИЈА (17/18-ти август 2024)

МАКЕДОНИЈА – Грција (24/25-ти август 2024)

Грција – Грузија (28/29-ти август 2024)

Грузија – Грција (9/10-ти август 2025)

Грција – МАКЕДОНИЈА (13-ти август 2025)

МАКЕДОНИЈА – Грузија (16/17-ти август)

———————————————————————————————

Квалификации за ЕП 2026 (жени) – Чешка, Шведска, Турција

Група Ф: МАКЕДОНИЈА, Грција, Австрија

МАКЕДОНИЈА – Австрија (17/18-ти август 2024)

Австрија – Грција (24/25-ти август 2024)

Грција – МАКЕДОНИЈА (28/29-ти август 2024)

МАКЕДОНИЈА – Грција (2-ри/3-ти август 2025)

Грција – Австрија (6-ти август 2025)

Австрија – МАКЕДОНИЈА (9/10-ти август 2025)