Македонска одбојкаПрва лига мажиТрансфери

Уште едно квалитетно засилување од Тунис за уште посилна ОК Струмица

Одбојкарскиот клуб Струмица може да се пофали со уште едно квалитетно засилување во својот состав.

Станува збор за играч од Тунис кој игра на позицијата коректор и ќе биде од голема корист во пресрет на мечевите што шампионот на Македонија ќе ги игра во квалификациите за Лигата на шампионите и одбраната на двојната круна во домашното првенство.

Саад Ом Хени доаѓа од Туниското првенство, а во струмичкиот состав се наоѓа уште еден играч од Тунис во името на Хамди Бен Талеб.

Како што знаете Струмица ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите. Тие се наоѓаат во група заедно со Нефтохимик Бургас од Бугарија, Фино Капошвар од Унгарија и Будва од Црна Гора.

Турнирот ќе се игра од 27 до 29 октомври, а ќе се игра во Бургас, Бугарија.

Во првиот меч Струмица на 27 октомври, ќе игра против домаќинот Нефтохимик. Веќе следниот ден игра против Будва, а турнирот го завршува со мечот против Капошвар од Унгарија на 29 октомври.

Првите два тима од секоја група одат во вториот круг каде пак ќе се игра турнир. Ќе се игра во две групи со по четири екипи.

Победниците од двата турнири во вториот круг, како и најдобро второпласираниот тим ќе патуваат во групите од Лигата на шампионите.