Македонска одбојкаПрва лига мажиРепрезентативна одбојка

Струмица го доби првиот меч против Штип УГД во машкото финале

Актуелниот шампион во машка конкуренција тимот на Струмица 47&72 славеше победа на првиот натпревар од финалната серија против Штип УГД.

Струмица 47&72 триумфираше 3:1 во сетови (25:19, 25:18, 23:25, 25:22) за водство со 1-0 во серијата која се игра на три добиени меча.

Во салата „Парк“ струмичани, кои од 2012-та досега не беа на тронот само две сезони, отворија подобро, а на освојувачите на годинашниот куп, одбојкарите на Штип УГД, им беа потребни два сета за да почнат да го предизвикуваат противникот.

Сепак, Струмица 47&72 го издржа притисокот и предводена од Хенкс со 16, Омхени со 13 и Милев со 12 поени успеа да ја задржи предноста на домашниот терен во финалето.

Задмард со 14 и Абхар со 12 беа најефикасни кај Штип УГД кој ќе биде домаќин на втората пресметка в петок.

По овој прв финален меч, меѓусебниот биланс во лигата сезонава е 4-0 за фаворитот за титулата, а штипјани беа подобри во финалето на купот, па се радуваа на првиот пехар во клупската историја.

Финале (мажи) – до три добиени натпревари

Струмица 47&72 – Штип УГД 3:1 (25:19, 25:18, 23:25, 25:22)

Штип УГД – Струмица 47&72 (петок 19.04.2024)

Струмица 47&72 – Штип УГД (понеделник 22.04.2024)

Штип УГД – Струмица 47&72 (четврток 25.04.2024)

Струмица 47&72 – Штип УГД (недела 28.04.2024)