Македонска одбојкаПрва лига мажиРепрезентативна одбојка

Ќе гледаме интересно машко финале откако Штип УГД израмни во серијата со Струмица

Одбојкарите на Штип УГД израмнија во финалната серија против Струмица 47&72 откако вечерва славеа победа со 3:1 (30:28, 17:25, 25:20, 25:21).

Освојувачот на годинашниот куп пред своите навивачи во Штип успеа да израмни на 1-1 во победи во финалето во елитната машка лига.

Се играше израмнета одбојка во текот на целиот меч, а подобро се снајдоа домашните одбојкари.

Па така битката за тронот ќе има уште најмалку два натпревара затоа што пехарот ќе го освои екипата која прва ќе оствари три победи.

Следната средба број три се игра Струмица во понеделник од 19 часот со пренос на МРТ3 каналот.

Финале (мажи) – до три добиени натпревари

Струмица 47&72 – Штип УГД 3:1 (25:19, 25:18, 23:25, 25:22)
Штип УГД – Струмица 47&72 3:1 (30:28, 17:25, 25:20, 25:21)
Струмица 47&72 – Штип УГД (понеделник 22.04.2024, МРТ-3, 19.00)
Штип УГД – Струмица 47&72 (четврток 25.04.2024)
Струмица 47&72 – Штип УГД (недела 28.04.2024)