Младински репрезентацииРепрезентативна одбојкаРепрезентации

(ВИДЕО+ФОТО) У18 младинците на Македонија освоија сет против Грција, но турнирот го завршија со три порази

И во третиот меч од втората рунда од квалификациите за пласман на ЕП 2024 година, младинците на У18 репрезентацијата на Македонија беа поразени.

Македонија со 3-1 во сетови беше поразена од Грција за крај на квалификацискиот турнир што се играше во Италија.

Така со три порази младинците се враќаат во Скопје откако претходно загубија убедливо во три сета и од Италија и Израел во првите две кола.

Но она што треба да радува е тоа што У18 репрезентацијата на Македонија освои еден сет против Грција кој го доби со 25-22.

На последниот меч избраниците на селекторот Санев, одиграа најдобро на турнирот иако го загубија мечот со 1-3 (15-25, 18-25, 25-22, 20-25).

Јужниот сосед ја оствари втората победа во квалификациите и ќе го чека последниот меч од групата за конечниот пласман.

У18 селекцијата на Македонија на крајот го заврши турнирот на последното четвртото место во оваа група.