Македонска одбојкаПрва лига мажиТрансфери

Бен Талеб се враќа во шампионскиот тим на ОК Струмица Никоб

Тунижанецот Хамди Бен Талеб по една година повторно се враќа во редовите на шампионот ОК Струмица Никоб.

Тој минатата година играше за Шкендија од Тетово откако дојде токму од струмичкиот состав за кого играше само една сезона 21/22.

Роден е 1999 година, висок е 193 сантиметри игра и на позицијата примач.

ОК Струмица Никоб му посакува добредојде на Бен Талеб кој треба да ја засили примачката дијагонала за овогодинешните предизвици во домашното првенство и европските натпреварувања.

Во кариерата има настапувано и за Ас Хаоуарија, Есперанс Спортиве од Тунис, Етоил Спортиве Де Сахел, Олимпик Калибија.