Македонска одбојкаПрва лига жениРепрезентативна одбојка

Денеска стартува финалната серија во првата женска лига

Во женското одбојкарско првенство на Македонија, денеска започнува финалната серија во плејофот каде силите ќе ги одмерат Струмица жени и Работнички Скопје.

Првиот дуел кој закажан денеска се игра во Струмица и токму домаќинот ја имаа улогата на фаворит, имајќи го во предвид нивниот ефект во текот на целото првенство.

Тие сезонава одиграа 21 натпревар, на кој остварија 20 победи, а само еднаш беа совладани. Тој еден пораз дојде токму од Работнички Скопје пред нешто повеќе од еден месец.

Исто така двата тима се судрија и во полуфиналето на Купот на Македонија, дуел кој по голема борба и со пресврт го добија струмичанки.

Екипата на Струмица жени подоцна триумфираше и во финалето и го освои првиот трофеј во клупската историја.

Сега составот на Струмица жени ќе атакува и на двојна „круна“ нешто што лани им успеа на скопјанки.

Работнички Скопје пак ќе се обиде по трет пат во низа да ја освои шампионската титула.

Финалната серија се игра во три добиени натпревари, а денеска од 17 часот. 

Во продолжение погледнете ги сите нивни дуели оваа 2023/24-та сезона…..

Првенство
15.11.2023 Струмица жени – Работнички Скопје 3:1 25-19 16-25 25-22 25-20
13.12.2023 Работнички Скопје – Струмица жени 1:3 19-25 25-17 22-25 21-25
17.02.2024 Струмица жени – Работнички Скопје 3:1 17-25 25-15 25-14 28-26
11.03.2024 Работнички Скопје – Струмица жени 3:1 25-16 25-18 23-25 25-21

Полуфинале Куп
22.03.2024 Струмица жени – Работнички Скопје 3:2 24-26 24-26 25-22 25-17 15-13