Репрезентативна одбојкаРепрезентацииРепрезентација мажи

(ФОТО) Јошко Миленковски заминува од селекторското место – Познат е неговиот наследник

Селекторот на машката одбојкарска репрезентација Јошко Миленковски повеќе нема да ги води сениорите.

Токму Миленковски ја предводеше репрезентација на Македонија до најголемиот репрезентативен успех, а тоа е осминафиналето на континенталниот собир, против Италија во Бари.

Сепак Миленковски ќе остане во таборот на Македонија но како советник во тимот, а ОФМ одлучи на неговото место да седне Хари Наковски.

Станува збор за поранешен македонски репрезентативец и интернационалец кој ќе ја предводи Македонија во Европската златна лига и квалификациите за Европското првенство во 2026-та.

Македонските одбојкари ќе се соберат на 2-ри мај, ќе тренираат во Струмица до 8-ми кога ќе отпатуваат на пријателски натпревари со Романија.

Потоа ќе се вратат во салата „Парк“ и ќе тренираат до почетокот на Европската златна лига на 17-ти, со првиот турнир на кој ќе им бидеме домаќини на Чешка и на Естонија.

Следните два се во Белгија и во Хрватска. Во август се два од четирите натпревари во квалификациите за ЕП 2026. Акцентот ќе биде ставен токму на нив, затоа што преку Грузија и Грција, Македонија бара шанса за четврти континентален собир по ред.

Целта е достижна иако задачата нема да биде лесна. По осминафиналето во Бари со актуелниот светски првак, апетитите остануваат големи, како и вербата во македонската одбојка!