Македонска одбојкаМлади категории жени

(ФОТО) ООУ Јосип Броз Тито од Валандово победник на Источниот регион во одбојка за основните училишта кај пионерките

Вчера на 9-ти Април во спортската сала на ООУ Видео Подгорец во Струмица се одржаа Регионалните натпревари-турнир на Источен регион во ОДБОЈКА за основни училишта во женска конкуренција.

На истите учествуваа екипите на основните училишта: Крсте П. Мисирков – Радовиш, Јосип Броз Тито – Валандово, Браќа Миладиновци – Пробиштип и Св. Климент Охридски – Делчево.

Победник на Регионалните натпревари и учесник на Државното првенство во Одбојка за основни училишта за женски е екипата на ООУ “Јосип Броз Тито” од Валандово, предводена од проф. Сашко Нунов.

Инаку овој турнир беше во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија.