Македонска одбојкаПрва лига мажиРепрезентативна одбојка

Мажите утре ја започнуваат финалната серија во Струмица

Машкото одбојкарско финале утре од спортската сала ,,Парк,, во Струмица ќе го има својот почеток.

Таму ќе се сретнат финалистите од Купот на ОФМ, Струмица 47&72 и Штип УГД. 

Актуелниот бранител на шампионскиот трофеј ќе го пречека новиот освојувач на купот, а мечот е закажан за 16 април со почеток од 19:30 часот.

Познати се и другите денови од финалната серија. Па така следниот меч ќе се игра во Штип во петок на 19-ти април, а третиот дуел е закажан за понеделник 22-ри април.

Инаку финалната серија ќе се игра кој прв до три победи. Се разбира серијата може да отиде и до максилани пет меча или мајсторка доколку никој од двете екипи не постигне три победи.

Сите средби ќе ги пренесува МРТ 3 каналот.