Репрезентативна одбојкаРепрезентацииРепрезентација мажи

Селекторот Наковски одбра 15 одбојкари за настап во Златната лига

Одбојкарската машка репрезентација на Македонија преку Европската Златна лига ќе брка нов настап на Европските шампинати. 

Првиот собир е закажан за 2 мај во Струмица пред стартот на натпреварите во Европската Златна лига 2024 и таму ќе бидат се до 8 мај.

Потоа репрезентацијата ќе отпатува во Романија каде ќе одигра пријателски натпревари со истоимената селекција.

По патувањето во Романија, репрезентацијата ќе се врати во салата „Парк“ во Струмица каде ќе тренираат до почетокот на Европската златна лига на 17-ти мај.

На првиот турнир Македонија ќе биде домаќини на Чешка и на Естонија. Следните два се во Белгија и во Хрватска.

фото: CEV

За разлика од досегашните изданија, ова натпреварување сега ќе претрпи промени.

Во август се два од четирите натпревари во квалификациите за ЕП 2026. Акцентот ќе биде ставен токму на нив, затоа што преку Грузија и Грција, Македонија бара шанса за четврти континентален собир по ред.

На списокот на селекторот Хари Наковски за Златната лига се најдоа овие одбојкари:

Техничари: Ѓорѓи Ѓорѓиев (Бурса-Турција), Давид Стојанов (Фужинар-Словенија)
Коректори: Никола Ѓорѓиев (АЦХ Љубљана – Словенија), Стојче Арсов (Работнички 71&22), Кристијан Илиев (Струмица 47&72)
Примачи: Владо Милев (Струмица 47&72), Лука Костиќ (Рибница – Србија), Стојан Илиев (Анагенисис – Кипар), Тоше Ефремов (Весна Пробиштип)
Средни блокери: Филип Маџунков (Хасроде – Белгија), Филип Савовски (Војводина – Србија), Филип Лепидовски (Таково – Србија), Михајло Мирасчиев (Штип УГД)
Либера: Дарко Ангеловски (Работнички 71&22), Костадин Ричлиев (Штип УГД)