Македонска одбојкаМлади категории жениРепрезентативна одбојка

(ВО ЖИВО) Кадетките на Македонија против Србија на стартот од У18 квалификациите за ЕП 2024

Женската одбојкарска кадетска репрезентација на Македонија до 18 години, вечерва го почнува настапот во квалификациите за ЕП 2024.

Македонските јуниорки се дел од Б групата, на турнирот во Врњачка Бања, Србија.

Покрај домаќинот Србија, против кои Македонија ќе игра денеска од 19 часот, за противнички ќе ги имаат и врсничките од Чешка и Холандија.

Инаку ова е втора рунда од континенталните квалификации за одбојкарки на оваа годишна возраст.

На првиот одржан во Софија, младите македонски одбојкарки не успеаја да се израдуваат на победа.

„Втора шанса“ добија благодарение на откажувањето на неколку селекции.

Репрезентација на Македонија (кадетки): Ева Ристовска, Матеа Петровска, Андротеа Милевска, Мартина Азманова, Билјана Јаковлевска, Ана Ѓорѓиевска, Ирена Узунова, Матеа Сотировска, Зофија Георгиевска, Викторија Трајкова, Симона Наковска, Ивана Милева, Стефанија Кипријановска, Анастасија Ристевска.

Квалификации за ЕП 2024 (одбојкарки до 18 години) – Врњачка Бања

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
1.коло четврток
16.30 Чешка – Холандија
19.00 МАКЕДОНИЈА – Србија

2.коло петок
16.30 МАКЕДОНИЈА – Холандија
19.30 Чешка – Србија

3.коло сабота
16.30 МАКЕДОНИЈА – Чешка
19.30 Холандија – Србија