Македонска одбојкаПрва лига мажиРепрезентативна одбојка

Мајсторката ќе реши дали Штип УГД или Работнички ќе игра во финалето кај мажите

Вечерва во Штип, актуелниот шампион на Купот тимот на Штип УГД се избори за мајсторка против Работнички во 1/2 финалето од машкиот одбојкарски шампионат.

Одбојкарите на Штип УГД славеа убедлива победа од 3-0 (25:12, 25:19, 25:17) против Работнички и израмнија на 1-1 во победи.

Па така штипјани се изборија за трет натпревар или мајсторка во полуфиналната серија која се игра подобар во два меча.

Работнички победи во првиот меч со 3-1 па така вториот финалист кај мажите ќе се дознае во вторник за кога е закажата мајсторката.

Штип УГД ги консолидираше своите редови кога беше најпотребно и на домашен терен со одлична и убедлива игра го надигра Работнички.

Во првото полуфинале, Струмица со 2-0 го победи Универзитет во Тетово и веќе обезбеди ново финале и ќе игра за одбрана на титулата.