Репрезентативна одбојкаРепрезентацииРепрезентација мажи

Распоред и саатница на мечевите на Македонија во Златната лига 2024

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија следниот месец ќе настапи во Европската Златна лига 2024.

Тоа ќе биде втор настап за македонските одбојкари во оваа конкуренција, во кој лани дебитираа како вовед во Европскиот шампионат.

За разлика од досегашните изданија, ова натпреварување претрпи промени.

Натпреварувањето ќе брои 12 репрезентации кои ќе одиграат по најмалку три турнири, а завршниот како и 2023-та ќе се игра во Хрватска.

Секоја репрезентација ќе биде домаќин на по еден турнир, а ќе патува на уште два.

Репрезентациите ќе одиграат вкупно по шест натпревари, со различни противници, а четирите најдобри ќе настапат на завршницата.

Натпреварите ќе се играат во втората половина на мај и почетокот на јуни месец.

Македонија натпреварите ќе ги започне пред домашната публика, па ќе гостуваат во Белгија и Хрватска.

Распоред и саатница на натпреварите во Европска златна лига 2024:

17.05.2024 (Струмица, 20.15): Естонија – МАКЕДОНИЈА
19.05.2024 (Струмица, 20.15): МАКЕДОНИЈА – Чешка
25.05.2024 (Беверен, 17.30): МАКЕДОНИЈА – Азербејџан
26.06.2024 (Беверен, 15.00): Белгија – МАКЕДОНИЈА
31.05.2024 (Осиек, 19.00): МАКЕДОНИЈА – Хрватска
01.06.2024 (Осиек, 19.00): Шпанија – МАКЕДОНИЈА