Македонска одбојкаПрва лига жениРепрезентативна одбојка

(ФОТО) Викендов почнува битката за титулата во елитната женска конкуренција

Познати се екипите кои ќе играат во финалето во првата женска одбојкарска лига.

Тоа се тимовите шампионот Работнички Скопје кои ќе ја бранат титулата освоена минатата сезона и тимот на Струмица жени кои беа лидери во регуларниот дел на сезоната.

Струмица жени во регуларниот дел од сезоната оствари скор од 19 победи и само еден пораз токму од Работнички Скопје. 

Додека пак Работнички Скопје играше променливо во текот на целата сезона и оствари скор од 12 победи и 8 порази. 

Во полуфиналето Струмица жени стигна до уште две победи откако со 2-0 славеше во дуелот со Наковски волеј. 

Работнички Скопје играше мајсторка против Јанта волеј во полуфиналето и славеше со 2-1 во победи.

Инаку Струмица жени веќе се закити со првиот трофеј во сезоната откако го освои Купот на Македонија.

А затоа што беа на првото место на табелата ќе ја имаат предноста на домашниот терен во првата средба која е закажана овој викенд.

Точниот термин за почеток на натпреварот ќе биде 17 часот во спортската сала Никола Вапцаров.

Финалната серија кај дамите се игра во пет натпревари, односно кој прв до три добиени меча.